Општина Штип, во својство на носител на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2016“ – Штип, распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на Фестивалот на забавни мелодиии „Макфест“ за позицијата:

1. Уметнички директор – 1 извршител

Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

1. Да има соодветно високо образование – (ВИИ/1, степен или 180 ЕКТС);
2. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира;
3. Да има менаџерски способности;

Кандидатот за избор на директор на Фестивалот треба да достави и своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2016-2017), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
– пријава со кратка биографија; – мотивационо писмо; – доказ за завршено високо образование; – доказ за работно искуство; – уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

Конкурсот трае 30 дена, сметано од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 Б – 200 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.
Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.