Општина Штип

Бр.09-1779/2

  1. март 2021

 

Општина Штип, во својство на организатор на

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ – Штип, распишува:

 

ЈАВЕН КОНКУРС

 

за избор на директор на

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип

за позицијата:

 

 

  1. Уметнички директор – 1 извршител

 

Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

  1. Да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (VII/1, степен или 180 ЕКТС);
  2. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира; да има создадено како автор на музика, односно автор на аранжман;
  3. Да има менаџерски способности;

 

Кандидатот за избор на директор на Фестивалот задолжително треба да достави: своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2021-2022), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

– пријава со кратка биографија;                                                                                                   – мотивациско писмо;                                                                                                                 – доказ за завршено високо образование;                                                                                – доказ за потврден авторски ангажман;                                                                                                       – уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);

 

Конкурсот трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип  преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, (со назнака за Макфест) најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.

Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

 

 

 

Општина Штип

градоначалник

                      д-р Сашко Николов