Ве известуваме дека од денес (понеделник, 7 септември 2020) па до четврток, 17 септември 2020, можете да акредитирате новинари, сниматели, фотографи за фестивалот на музика „Макфест 2020“.

Заради тоа што фестивалот се реализира под строги безбедносни и здравствени протоколи, согласно одлуките на Министерството за Здравство и македонската влада, Ве инфорираме дека годинава, е лимитиран бројот на акредитации за редакциите.

Причина за ваквата одлука е да се овозможи што помало движење на луѓе во прес центарот и да се обезбедат сигурни и безбедносни мерки за заштита од Ковид-19. Организациониот одбор на фестивалот, ќе прави напори, новинарите непречено да ја вршат својата работа, но со задолжителни консултации со одговорните од прес центарот.

Секоја редакција, има право на две акредитации, за лицата кои ќе бидат назначени да го следат фестивалот. При тоа, годинава, се воведени два типа на акредитации:

– Зелена (Пристап до сите локации)
– Црвена (Ограничен пристап, присуство во одредени делови)

Годинава, фестивалот се оддржува на отворено, на градскиот плоштад, на 18 и 19 септември, заради што, со цел полесно вршење на вашите новинарски активности, организациониот одбор обезбеди и посебно место за прес центар, веднаш до самата сцена, со цел непречено снимање на изведувачите и земање на изјави, без кршење на здравствените протоколи. Се надевам ќе наидеме на Ваша соработка, со цел да се заштитиме сите, од можно непријатни ситуации и кршење на протоколите кои се на штетат на сите.

Заради Ваша лична безбедност, и заради следење на протколите, сите контакти и Ваши активности за време на фестивалските вечери (земање на изјави, правење инсерти, фотографирање) ќе бидат во договор со лицата задолжени за функционирање на прес центарот на Макфест:

– Драган Ристов – шеф на прес центар
телефон за контакт, 078/472 708

– Трајче Јованов – прес служба
– телефон за контакт, 074/609 710

Вашите акредитации испратете ги на е-маил адреса:

dragan.ristov@gmail.com

Сите Ваши прашања, слободно упатувајте ги на оваа меил адреса или во директен контакт на споменатите телефонски броеци. За време на фестивалот, конултирајте се со споменатите лица, со цел непречено и професионално одвивање на фестиваот, но на наша заштита.