10354757_240918452782917_5469137639964241682_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Александар Белов, Маја Вукичевиќ, Влатко Илиевски, Алекандра Јанева, Тамара Тодевска, Елвир Меќик, Биба Додева, Викторија Лоба, се само дел од 30.те имињата кои ќе настапат на годинашново, 29.то издание на фестивалот на музика „Макфест 2014.

Фестивалот ќе се оддржи на 5,6 и 7 јуни во Домот на културата во Штип:

Ова беше кажано на денешната, прва официјална прес конференција, оддржана во кабинетот на градоначалникот на Штип а на која покрај тројцата директори, учествуваше и Министерката за Култура, Елизабета Канческа-Милвеска:

– Од буџетот на Министерството за реализација на Макфест се издвоени 7 милиона денари. Во партнерски однос со Општина Штип, која исто така партиципира со средства, имаме доволно финансии да го реализираме фестивалот. „Макфест“ е бренд не само на Штип туку и на Македонија, и тоа е главната причина што Владата на Македонија презеде обврска да го финансира, заедно со уште неколку други фестивали. Со новата концепција, новата организациона поставеност, „Макфест“ ќе понуди нови професионални стандарди со што ќе се подигне и неговиот квалитет. Владата и Министерството изминатиот период работеа на обезбедување на услови за поддршка и стимулирање на македонското музичко творештво, и преку Законските одредби успеавме да создадеме услови за кревање на квалитетот на македонската музика – истана Министерката Канчевска Милевска.

10308262_240918432782919_8349065275103699863_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев изрази благодарност за ангажманот на Министерството и Владата што помогнаа во реализаицја на фестивалот бидејќи тоа е еден од најважните музички фестивали во Македонија:

– Многу музичари, групи, пејачи започнаа на „Макфест“. Во изминатите 28 години направени се околу 1000 песни. Тоа е богат фонд и тоа е еден вид на историја на македонската забавна музика. Од тој аспект, морам да кажам огромно благодарам до Премиерот и Владата кои јасно увидоа дека „Макфест“ има историска важност за Македонија, како бренд, како име, кое има и меѓународен респект, награди и со тоа пружија рака за поддршка на фестивалот. Општина Штип и годинава ќе издвои 3 милиони денари, заеднички со средствата од Министерството, имаме речиси двоен буџет од лани, што е повеќе од доволно да имаме беспрекорен фестивал.

Директорот на фестивалот, Дарко Мијалковски напомена дека денес се завршува и последната, 30.та песна со што познати се сите изведувачи:

– Од 83 пристигнати композиции на конкурсот, селекционите комисии избраа 17. Преостанатите 13 песни се избрани по пат на нарачки. Првата полуфинална вечер, ќе бидат изведени 15 песни од кои 9 ќе одат во финале. Исто така и втората полуфинална вечер ќе слушнеме и видиме уште 15 песни, а уште 9 ќе одат во финале. Тоа значи дека во сабота, на 7 јуни ќе бидат изведени 18 песни кои ќе се натпреваруваат за трите награди од 20.000, 15.000 и 10.000 евра.

Уметничкиот директор, Оливер Арсов истакна дека подготовките околу изведувањето на песните во живо, течат интензивно:

– Од следната недела ќе имаме редовни прес конференции, а ревискиот оркестар на МТВ веќе работи на песните, на аранжманите, како и на компакт дискот со сите композиции. Годинава фестивалот ќе биде погламурозен и сигурен сум дека и Штип и Македонија ќе бидат задоволни од она што ќе го видат.

Техничкиот директор на Макфест, Трајче Јованов напомена дека сцената, звукот и сликата ќе бидат согласно професионалните стандарди:

– Се што е од технички аспект ново, модерно и достапно, ќе биде на Макфест со што и аудио-визуелниот сегмент ќе одговара на сите стандарди на еден ваков фестивал.

10325729_240918426116253_3007963527452400117_n