Заврши 30.тото издание на Макфест 2015. Победник на Макфест 2015 е Бојана Атанасовска со изведбата на композицијата „Диви цветови“,чии автори на музиката и текстот е Горан Стојановски , а аранжманот го направи Бојана Атанасовска.Второтопласирани се Иле Кикиритков и Панче Илиев со песната „Кој што ме чуе да пејам“, а третото место и припадна на Евгенија Чанчалова со „Миг до вечноста“. Изведувачите беа наградени и парично и беа доделени 10 илјади евра за прво место, 7500 евра за второ и 5 илјади евра за трето место.Покрај првите три места, доделени беа и награди за најдобар дебитант, најдобар сценски настап, најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и најдобра интерпретација, секоја од нив во вредност од по илјада евра.Најдобриот дебитант годинава е Огнен Здравковски, кој се натпреваруваше со композицијата „Те молам врати се“, наградата за сценски настап ја доби Виктор Апостоловски со темата „Ни јас ни ти“, најдобар аранжман има „Како небо и земја“ во изведба на Дарко Илиевски и за најдобрата интерпретација беше награден Ѓоко Танески за песната „Ако љубов е“.Без никакво изненадување, за најслушана песна меѓу два фестивала беше прогласен минатогодишниот хит „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара Тодевска.