Со реализацијата на вечерашнава ревијална програма, на која учество земаат:Џина Папас Џокси,Трајче Манев, Група “Интервали“, Лидија Кочовска, Мики Јовановски Џафер, Дарио, Ристо Самарџиев и Олгица Христовска. започнува одржувањето на 35-тото издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест“.Тие ќе ги изведат по две нумери, едната што тие ја пееле на Фестивалот, а другата е обработка на други песни исто така изведени на сцената на Макфест.Нив ќе ги придружува “Big Band” под диригентската палка на Љупчо Мирковски.