Организаторот одлучи оваа година повторно да гласа публиката во сала.Во Фоајето на Домот на културата “Ацо Шопов“ се поставени кутии со ликовите на изведувачите. И секој гледач ја уфрла влезницата во кутијата на песната фаворит или изведувачот (изведувачката) што му се допаднал-а најмногу.Една влезница, еден глас. Телевоутингот кој се реализра со помош на компанијата “Видекс“ од Скопје ќе се одвива преку единствениот број  141 730, со тоа што тој сака да гласа го впишува редниот број на изведувачот. Цената на телевоутингот е 10 денари плус ддв.Се гласа по принципот, една СМС-картичка, еден глас за одредена композиција.Се разбира може да се гласа повеќепати за различни композиции.

makfest161