ОДРЖАНА ПРВАТА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА „МАКФЕСТ“ 2020
Денес во Штип се одржа првата прес конференција по повод фестивалот на музика „Макфест 2020“. Прес конференцијата, во име на организаторот, Општина Штип, ја отвори заменик градоначалникот Јане Миланов, кој ги претстави спецификите на годинашниов Макфест:
– Макфест е бренд, кој остави во наследство над 1000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика уште од своите почетоци. Годинава фестивалот ќе се реализира во услови на светска пандемија, и на заштитните мерки и протоколи согласно препораките, и тоа е најголемиот предизвик. И во минатото имало бројни предизвици, но биле успешно совладани, така што не се сомневам дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал – напомена Миланов.
Фестивалот ќе се оддржи на 18 и 19 септември (петок и сабота) на градскиот плоштад, под отворено. Ќе има ревијална вечер, на која ќе настап осум музички имиња, дел победници а дел познати имиња од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи. Меѓу изведувачите оваа година се Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Димитар Андоновски, Биба Додева, Нокаут, Ѓоко Танески и други. Освен познати имиња кои настапувале на фестивалот, ќе имаме и дебитанти.
Наградите остануваат исти како и претходните години, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобра аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра, а нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи фестивалот ќе биде на плејбек.Причина за ова, според техничкиот раководител Кирил Панајотов е заштитниот фактор, односно неможноста да се менуваат 24 микроофони:
– Според протоколот за заштита, потребно е засебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо – напомена Панајотов.
Шоу програмата е на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кои ќе настапат по завршувањето на натпреварувачкиот дел, додека публиката гласа. Кога сме кај гласањето, ќе гласа публиката, согласно протоколот и заштитните мерки, а дел од гласачкиот сегмент не се открива, за да се избегне можноста за интервенции. Истиот ќе биде објавен на денот на фестивалот.
Наградскиот плоштад, ќе бидат поставени столчиња, согласно препораките на растојание од 1,5 метар, и се прават пресметки колку е капацитето на плоштад во согласност со здравствените протколи. Движењето на плоштадот, ќе биде ограничено со две акредитации, црвена и зелена. Новинарите ќе имаат посебно место, до сцената, кое ќе биде еден вид на прес центар и ќе го следат фестивалот согласно протоколот:
– Секој изведувач, ќе биде достапен за изјава, а сите останати активности, ќе бидат во координација со лицата од прес центарот. Ве повикувам да помогнете во што поуспешно спроведување на фестивалот, да се заштитиме самите себе, да ги заштитиме другите и секако фестивалот. Да покажеме дека Штип и Макфест знаат и умеат да направат фестивал каков што заслужува – кажа Драган Ристов од прес центарот на Макфест.
Годинава, заради Корона вирусот ќе го нема традиционачлниот коктел и сечењето на торта.Единствен предизвик се временските прилики, и организаторот изрази надеж дека времето ќе биде на наша страна. Преносот и годинава е во релазација на МРТВ со почеток во 20:30 часот.
95
Опфатени луѓе
21
Интеракција
Промовирај
6