ljupkaМакедонското ѕвездено музичко небо  деновиве остана посиромашно за присуството на уште еден уметник, Љупка Димитровска. Зад неа останаа хитовите кои безвременски ќе го надополнуваат нејзиното физичко отсуство потсетувајќи не` на мноштвото хитови кои таа ги испеа во текот на нејзината долга и плодна кариера. Ја памети поранешна Југославија, ја памети Македонија, но после 1990 година вистинската асоцијација за Љупка  стана мега хитот „Ѕвона ѕвонат“ што таа го испеа на Фестивалот на музика „Макфест“ освојувајќи ја првата награда од публиката. На тој начин Љупка Димитровска нераскинливо се врза за нашиот фестивал  сврстувајќи се во редот на 31 лауреат, давајќи свој печат на историјата  на „Макфест“ .Ти благодариме Љупка и нека  е вечно сеќавањето на тебе и твојата песна!

 

Фестивал на музика „Макфест“ Штип