И покрај подготовките за штипската „Пастрмалијада 2018“, во тек се и подготвките за 33.тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2018“. Финалните подготвките за фестивалот течат и веќе Штип е подготвен да оддржи уште едно издание на „Макфест 2018“:

Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена но и нови лица кои бараат место на естрадата. Следи фаза на изработка на ЦД со сите песни, така што до почетокот на фестивалот ќе бидат реализирани сите планирани задачи – вели Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“.

makfest 2018-prva vecer-1

Од технички аспект, веќе се работи на логистичкиот дел на фестивалот:

-Традиционално, големата сала на НУЦК „Ацо Шопов“ ќе биде комплетно подготвена за фестивалот. Се договараат последните финеси околу сцената, звукот, преносот и веќе од идната недела комплетно влегуваме во реализација на Макфест. Останува публиката и Македониа да слушнат нови 32 композиции од домашната продукција-вели Кирил Панајотов, технички раководител на „Макфест 2018“.

makfest 2018-vtora vecer-1

Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, Тајфата и Димитар Адоновски,Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на Макфест 2018. Веќе на 25 септември (вторник), во хотелот „Александар Палас“ (тениско) со почеток во 12:00 часот ќе се оддржи првата прес конференција:

Ги повикуваме сите новинари, сите медиуми, од радијата, телевизиите и порталите, да повелат на прес средбата и да ги запознаеме со сите новитети околу Макфест 2018 и уште еднаш заеднички да напишеме убава приказна за фестивалот и за македонската музика – вели Драган Ристов, шеф на прес центарот.

Традиционално, на првата прес конференција ќе биде извелечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот од фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20:30 часот.

MAKFEST ZA SAJT