Општина Штип
Бр.09-1779/2
- март 2021
Општина Штип, во својство на организатор на
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ – Штип, распишува:
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип
за позицијата:
- Уметнички директор – 1 извршител
Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
- Да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (VII/1, степен или 180 ЕКТС);
- Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира; да има создадено како автор на музика, односно автор на аранжман;
- Да има менаџерски способности;
Кандидатот за избор на директор на Фестивалот задолжително треба да достави: своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2021-2022), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
– пријава со кратка биографија; – мотивациско писмо; – доказ за завршено високо образование; – доказ за потврден авторски ангажман; – уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
Конкурсот трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, (со назнака за Макфест) најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.
Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
Општина Штип
градоначалник
д-р Сашко Николов